
Пожар избувна попладнево над росоманското село Дебриште.
Како што информира командирот на Територијалната противпожарната единица од Кавадарци Илчо Богевски, горат нискостеблеста шума и сува трева на површина од околу три хектари.
– На терен сме со две противпожарни возила и шест пожарникари, се надеваме дека најбрзо што можеме, ќе го ставиме огнот под контрола, изјави Богевски.