Кликата на СДСМ среќна што уништи успешен спортски проект

Фото: Гол.мк
Фото: Гол.мк

Најголемиот спортски инвеститор во Македонија, сопственикот на спортското друштво „Вардар“, Сергеј Самсоненско, денеска во отворено писмо најави дека заминува од клубот, поради притисокот од јавноста и обвинувањата кои во изминатиот период постојано се редеа на негова сметка, во прв ред од претставници на новата Влада.

„Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови, пиша во писмото Самсоненко.

Самсоненко цело време беше етикетиран како „подржувач на режимот“, од кликата на СДСМ, кои упорно се обидуваат на секаков начин да го деградираат неговиот успех, па дури и кога ја освои Лигата на шампионите во ракомет.

Безобразно го омаловажуваа неговиот обид да придонесе во македонскиот спорт, што повеќе од очигледно го правеше искрено и со голем успех.

Инвестираше во изградба на спортска сала, тренинг центар за фудбал за деца, создаде институции во кои се вработија огромен број на македонски граѓани…

Министерот за култура Роберт Алоѓозовски беше само еден од оние кои го навредуваа сопственикот на Вардар, тој на Твитер го нарекуваше „Куртоненко“, како „гласен подржувач на поразениот режим“.

samsonenko-navredi-640x309

Пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев, своето задоволство од веста за заминувањето на Самсоненко, експресно го сподели на својот фејсбук профил.

stefan bogoev

Покрај инвестициите директно во трансфери на играчи и тренери во клубовите Сергеј Самсоненко направи големи инвестиции во македонскиот спорт и во она што не секој го забележува, но секогаш носи резултати. Тоа е инфраструктура со која Вардар доби услови на работа како и секој голем европски клуб. За тоа токму говореа и ракометарите кои доаѓаа во Вардар дека вакви услови за работа и играње нема никаде во Европа кога сме кај ракометот.

ФК Вардар првпат по 14 години помина едно коло во Лигата на шампионите и тоа со победа против шведски Малме, кој пред тоа имаше низа настапи во групните фази од европските натпреварувања. Првпат во историјата на македонскиот фудбал, ФК Вардар доби модерен тренинг камп, тренинг камп каков што имаат најголемите светски клубови како Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и… Вакви услови досега не почувствувале ниту едни млади фудбалери на Вардар, од оние најмладите до они кои веќе тропаат на вратата на првиот.

Сергеј Самсоненко во Скопје изгради ултра модерна фудбалска академија, која ја користат само младите фудбалери.

Без никакви докази беше доведуван во поврзаност со поранешната власт, со медими и компании. Се вршеа притисоци и врз политички неопределени новинари да се „ископа“ некаква валканица за Самсоненко.

Така, им пречеше тоа што ја доби спортската сала во Аеродром на 35 години концесија. А токму во светските спортски медиуми се наведува како голем успех неговиот проект РК Вардар кој за помалку од десет години се исчаки на шампионскиот пиедестал. Одговорот на прашањето, како тим од Балканот, Вардар, кој доаѓа од држава со население колку што има едно предградие на Париз чијшто фаворит беше совладан од македонскиот првак и постигва ваков грандиозен успех, во странските медиуми се посочува токму воспоставувањето на клупска инфраструктура каква што ја имаат европските спортски гиганти.

А токму кога сме кај ваквата, за балкански услови грандиозна инфраструктура, сега по повлекувањето на Самсоненко, односно неговата немала финансиска поткрепа на проектот, се поставува прашањето како ќе функционира токму таа инфрастуктура. Зашто тоа подразбира и ангажирање илјадници луѓе, од спортски
работници до технички персонал за одржување на објектите, менаџери на објектите и клубовите. Едноставно значи обезбедување егзистенција за илјадници семејства.

Спортот одамна на глобално ниво престана да биде само забава, тој претставува вистинска и доходовна индустрија. Тоа може да го сфатат очигледно сите и во поширокиот регион, освен македонските социјалдемократи коишто живеат по анахроната „да цркне комшијата да му ја земам козата“. Но, какви што се создадени – неспособни да создадат нешто, уривањето на нешто веќе изградено и докажано функционално останува единствената нивна одлика. Граѓаните, пак, се само бројки со кои се манипулира во зависност од позицијата на која се наоѓа СДСМ.

Исто така, „успехот“ на новата Влада на Заев просто да го набрка најголемиот во историјата инвеститор во македонскиот спорт, ќе значи и згаснување на надежите на илјадниците семејства чиишто млади поколенија добиваа стручно спортско образование, било во ракометните или фудбалските академии. Без стабилен финансер, јасно е дека повратничките македонски спортски стручњаци ќе мора лебот да го побараат во странство, а македонските спортски таленти повторно ќе останат без соодветен стручен надзор.

СДСМ всушност го потврди она што е апсолвирано кај оние кои подолго време ја следат партијата. Дека оваа партија и покрај кадровските промени, не може да го смени својот веќе изграден ментален склоп – наклонетоста кон деструкција, особено кога нешто е создадено од друг во кој тие се непрепознатливи.

Да се присетиме притоа на штотуку одржаниот европски Суперкуп, кој ги потсети граѓаните дека благодарејќи на некоја друга власт главниот град доби услови за организирање и одржување манифестација од вака висок ранг и го отвори прашањето дали доколку СДСМ, Скопје ќе имаше стадион на кој ќе играат двата моментално најдобри клуба на континентот. Одговорот, секако, е не – затоа што СДСМ најавуваше уривање и на Северната трибина.