
Кошаркарската репрезентација на Македонија ja оствари првата победа во претквалификациите за Светското прветсвентво 2018 година.
Во натпревар од четвртата рунда Македонија го победи Косово со 87:74 по четвртини 19-22, 21-19, 23-13, 24-20.
Во првиот дел, повторно црвено-жолтите не беа на посакуваното ниво, па затоа противникот по 20.минути игра имаше еден поен предност 40:41. Затоа пак во второто полувреме, македонските репрезентативци го покачија нивото на агресивност во одбраната, а и реализацијата во нападот пред се во ударите за три поени, па третата четвртина ја добија со десет разлика, а во четвтата придодадоа уште четири за на крајот да се радфуваат со конечни 87:74.
Четворица наши репрезентативци средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Најмногу постигна Џордан Теодор 24, Александар Костоски реализира 16, капитенот Војдан Стојановски 14, а Љубомир Младеновски 12.
Но, за избраниците на селекторот Давитков работата се уште не е завршена. Доколку сакаат да минат во следната рунда тие ќе мора да забележат победа и на гостувањето кај Естонија веќе во среда (16 август). Во спротивни ќе мора да го чекаме исходот од последниот меч во кој Косово на домашен терен ќе игра против Естонија, а гостите да оствартат победа.