ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски со секој поминат час ја задолжува државата за 62.500 евра

СДСМ со ништо не може да го прикрие своето расипничко трошење, неспособност и безидејност во водење на државата, нивната влада за неполни три месеца успеа само да ја задолжи Република Македонија и граѓаните за 1,5 милиони евра, велат во понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ.

„(Премиерот Зоран) Заев и Тевдовски единствена мерка што ја спроведуваат е исплата на партиските долгови кон послушниците и соросовите (министерот за финансии Драган) Тевдовски единствена мерка што ја спроведуваат е исплата на партиските долгови кон послушниците и соросовите активисти со пари на граѓаните преку забрзано задолжување. За сето ова мегафоните на СДС молчат и замижуваат пред вистината која јавноста има право да ја знае“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат зошто медумите кои во минатот пишуваа за наводната презадолженост на земјата, сега не излегуваат со процена на сумата за којашто последните неполни три месеца е дополнително задолжена земјата.

„Секој ден нашата држава по основ на државни хартии од вредност се задолжува за 1,5 милион евра. За секој поминат час се задолжува за 62.500 евра додека секоја одмината минута задолжувањето изнесува 1.050 евра. За 70 дена министерот за задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари, односно 50 евра“, пресметале во ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата истакнуваат дека „лицемерието е уште повидливо“ откако министерот „за задолжување“ успеал да стопи 126 милиони евра од девизните резерви.

„СДС во предизборниот период ветуваше кули и градови, но граѓаните добија само задолжување за кое нема никакво објаснување. Единствено е јасно дека овие народни пари не одат за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив сеуште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Засега, велат од партијата, се гледаат само луксузите и нарачките на октоподи, морски плодови, цвеќиња, партиски вработувања и вдомувања на соросовите војници. И затоа СДСМ многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на 15-ти октомври народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев. Тој ќе биде поразен и делегитимиран.