
Во Македонија во јуни годинава се регистрирани 84.778 туристи кои оствариле 197.016 ноќевања, што е за 18,1 отсто повеќе туристи и за 14,6 отсто повеќе ноќевања во споредба со истиот месец минатата 2016 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни година е зголемен за 4,1 отсто во однос на јуни 2016 година, додека бројот на странските туристи пораснал за 24 отсто. Домашните туристи оствариле за 8,1, а странските за 18,2 отсто повеќе ноќевања.
Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 12,6 отсто во однос на истиот период од минатата година, при што кај домашните туристи има зголемување за 11,4, а кај странските за 13,1 отсто. Во овој период бројот на ноќевања е зголемен за 12,5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 9,7, а кај странските за 14,3 отсто