
На натпреварот со Фенербахче, утре во Скопје, на клупата на Вардар ќе биде Чеде Јаневски, откако и УЕФА го потврди како нов тренер на шампионот на Македонија
По оставката на Гоце Седлоски, веднаш во Скопје пристигна, како што вардаровите фанови, го нарекуваат „вардарецот“ Чедо Јаневски.
Раководството на македонскиот првак беше во трка времето, за да успее да го протне Јаневски на списокот како нов тренер, а според потврдата на сајтот на УЕФА мисијата е успешна и поранешниот селектор на македонската репрезентација утре ќе биде крај аут-линијата и ќе диригира со играта на Вардар.
Официјалната промоција на Јаневски како тренер на Вардар ќе биде вечерва од 20 часот на задолжителната прес-конференција пред стартот на двомечот со Фенербахче. Утре се игра првиот меч во Скопје од 20 часот, а реваншот е во Истансбул за една недела.