
Живко Митревски ги отфрли обвинувањата од страна на самопрогласениот лидер на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, за злоупотреба на службена положба и овластувања и за фалсификување документи.
-Ги отфрлам тие тотални невистини кои се искажаа. Станува збор за еден спин кој во континуитет четирите синдикати кои беа исклучени и се уште се исклучени од Сојузот на синдикати на Македонија, тоа го прават, а се со цел да ги остварат своите лични интереси и амбиции, како и бизнис интересите, изјави Митревски и додаде:
„Тотална лага беше дека требало да се одржи некое примо-предавање. Примопредавање беше договорено во делот на тоа, но само со легитимен претседател“.