Одбрани неколку локации за бегалски кампови во Аеродром?

 Бегалци во Аеродром: Се шпекулира дека разно-разни НВО-а веќе го разгледувале теренот во Аеродром, биле одбрани неколку потенцијални локации. Знае ли некој повеќе информации?, стои на Фејсбук страната Аеродром во моето срце каде деновиве можат да се видат повеќе објави, како и лавина од реакции и коментари од загрижени жители околку темата за наводно градење на бегалска населба општина Аеродром.

 
  За ова прашање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, од собраниска говорница ги праша колегите од СДСМ,  дали навистина планираат бегалски кампови во населбата Аеродром. Но ниту еден од пратениците од партијата на Зоран Заев не даде одговор на прашањето на Данев. Дали молкот значи потврден одговор?!