
Вкупно 14 сообраќајни се случиле изминатите 24 часа во Скопје. Од нив четири се со последица материјална штета, девет со телесни повреди во кои полесно се повредени 17 лица, а тешко повреден е и еден пешак, соопшти СВР.
Сообраќајната полиција откри и санкционира поголем број на прекршоци: 17 возачи не го почитувале ограничувањате на брзината, двајца се исклучени од сообраќај зашто биле под дејство на алкохол, тројца не ги почитувале светлосно-сигналните уреди, тројца не ги почитувале правилата за престигнување, 12 возеле без дозвола или нерегистрирани, додека 60 биле непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или на црвено, а со „пајак се отстранети 67 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Пролет“ објект „ Пролет 2 “ на подрачјето на општина Карпош.