
Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека паркот Бановина лоциран во Горно Лисиче, кој се протега на 6.500 метри квадратни е еден од 200-те реализирани проекти во неговиот втор мандат.
Паркот „Бановина“ во Горно Лисиче е само еден од над 200-те проекти реализирани за време на мојот втор мандат во периодот од 2013 до 2017 година:
Вкупна површина: 6.500 квадратни метри
Зелена површина: 3.000 квадратни метри со 50 видови зимзелени и листопадни растенија
Содржина: езеро на две нивоа со пешачки мост, видиковец, детско игралиште, пешачки патеки, жардиниери, чешми за пиење вода, канти за отпадоци и клупи и комплетно осветлување со нови штедливи канделабри и со сопствен систем за наводнување на зеленилото, пишува градоначалникот на општина Аеродром Коневски.