
Поради најавениот ридски натпревар во автомобилизам, што треба да се одржи задутре на Водно, викендов СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за движење на возила и пешаци.
– Утре за кого е предвидено одржувањето на официјалниот тренинг, како и задутре, во периодот од девет до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат од комплексот станбени објекти „Скала“ кон Средно Водно, соопшти Министерството за внатрешни работи.