
Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и едно бебе, откако автомобил влета во една продавница во трговски центар во Сиднеј, јавуваат локалните медиуми.
Полицијата соопшти дека овој инцидент го третира како незгода.
Една жена со тешки повреди е префрлена со хеликоптер во болница. Како што велат очевидци, возачот на автомобилот останал на местото и соработува со полицијата.