
Тетово не памети вака големо загадување во лето, затоа што во летниот период секогаш е намалено загадувањето, а се зголемува во зимскиот период.
Југохром веќе со месеци е затворен, а околу 700 луѓе се испратени дома. Но, иако Југохром е затворен, загадувањето во Тетово е огромно поради постојаните пожари во депонијата.
Градоначалничката Теута Арифи, ДУИ и СДСМ веќе со години не го решаваат овој голем проблем за граѓаните на Тетово, иако соработуваат во Советот на општина Тетово.
Премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина Садула Дураку и неговиот заменик Јани Макрадули се уште не можат да најдат решение ниту за дивата депонија во Тетово, ниту за депонијата во Струга.