
Илјадници граѓани и вчеравечер, присуствуваа на големата летна забава „Супер Скопје“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, заедно со членовите на УМС го следеа концертот на Бајага и Инструктори.
Кафулињата и просторот на Кеј 13 Ноември беа преполни со љубители на музиката на Бјага и Инструктори, кои ги забавуваа присутните до раните утрински часови.