Хорор во Марсеј: Aвтомобил удри во автобуска постојка, има загинати

Најмалку едно лице загина откако автомобил удрил во две автобуски постојки во јужниот француски град Марсеј.

Возачот е приведен и наводно имал душевно нарушување. Тој од порано и бил познат на полицијата по помали прекршоци.

Антитерористичката единица не го преземала случајот.

Инцидентот се случи неколку дена по нападите во Барселона и Камбрис во Шпанија, каде што загинаа 14, а се повреденеи повеќе од 100 луѓе.