
Бројот на жртвите од минатонеделниот терористички напад во Барселона и Камбрис се зголеми на 15, изјави во понеделникот каталонскиот министер за внатрешни работи Жоаким Форн.
Форн на прес-конференцијата изјави дека последната потврдена жртва од нападите изведени минатиот четвртокот е 34-годишен маж кој е пронајдени прободен во автомобилот со којшто според истрагата еден од напаѓачите во Барселона побегнал од местото на настанот.
Полицијата го сомничи 22-годишниот Јунес Абујакуб, за кој се верува дека со комбето ги прегази пешаците на улицата Ла Рамбла во центарот на Барселона, дека пешки побегнал од местото на злосторството покрај локалниот паар а потоа го грабнал 34-годишниот Шпанец со чијшто автомобил „форд фокус“ побегнал избегнувајќи пункт на полицијата која пукала по возилото.
Дневните весници La Vanguardia и El País објавија фотографии на момче во пругаста блуза со куси ракави, долги панталони и очила за сонце како забрзано оди покрај пазарот Бокериа, во близина на Ла Рамлба.
Според нивните извори, откако ги косел пешаците цели 600 метри, Абујаакуб го запрел комбето удирјаќи во киоск и користејќи ја паниката пешки минал низ градот до универзитетскиот кампус. На тамошното паркиралиште наишол на 34-годишниот По Перез кој го паркирал својот автомобил „форд фокус“. Полицијата се сомнева дека Абијаакуб со нож го усмртил Перез а потоа со неговото возило се одвезол надвор од Барселона.
Полицијата по нападот на Ла Рамбла веќе поставила контролни пунктови на долгиот патен правец Диагонал кој минува низ Барселона, кога наидел „фордот“, Полицијата се обидела да го запре, но тој минал повредувајќи еден полицаец додека вториот отворил оган врз автомобилот. По околу 45 минути автомобилот е откриен 10 километри понатаму во местото Сен Жуст Деверн, и во него во просторот меѓу предните и задинтие седишта е најдено телот на Перез.
Првично полицијата мислела дека е убиен од полициските куршуми, отфрлајќи ја поврзаноста со нападот во Барселона, но подоцна е откриено дека е убиени со студено оружје. Сега е изгледно дека Перез, за кој уште во саботата беше утврдено дека не бил ниту казнуван, ниту пријавуван во полицијата, е 15-та жртва на нападите во Каталонија.