Велија Рамковски излезе од затвор поради лекување

По шест години и осум месеци поминати во затворот „Идризово“, сопственикот на поранешната А1 телевизија Велија Рамковски денеска излезе на слобода.

Тој днеска добил привремен отпуст за лекување. Велија би требало да се врати во затвор по неколку месеци, но, доколку до тогаш поминат 8,6 години, односно две третини од казната, можно е да добие и целосно ослободување.

Рамковски беше осуден на 13 години затвор, во судскиот процес „Пајажина, за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението затаен бил данок од околу 5 милиони евра.