
Претпладнево е извршен атентат на Здравко Мамиќ, како што пренесуваат хрватските медиуми.
Непознат напаѓач во претпладневните часови во местото Зидине кај Томиславград пукал на првиот човек на Динамо Загреб, кој е ранет во пределот на долните екстремитети, а прва помош му е пружена во клиничкиот центар во Томиславград, пишува Екипа.мк
Според последните информации, напаѓачот веднаш побегнал, а наводно пукал кон Мамиќ во време додека овој бил на гробот на својот татко на кого му одбележувале годишница од смрта.
Од Клиничкиот центар во Томиславград потврдуваат дека е примен Мамиќ со прострелна рана во десната натколеница, и е надвор од животна опасност.