
Непознат напаѓач во претпладневните часови во местото Зидина крај Томиславград пукал врз Здравко Мамиќ, директорот и сопственик на Динамо Загреб повеќе од деценија најсилен фудбалски клуб во Хрватска против кого се води и судска постапка за наводни финансиски малверзации при трансфери на играчи, пренесуваат во вторникот хрватски медиуми.
Од болницата во Томиславград потврдиле дела Мамиќ бил примен со прострелна рана во десната натколеница, како и дека не е во животна опасност и оти повредата му е санирана,
Мамиќ бил ранет во пределот на долните екстремитети, а прва помош му е пружена во Домот на здравје во Томиславград, пренесе порталот 24sata. Потоа Мамиќ наводно бил префрлен во сплитската болница „Фируле“, пренесува Telegram.
Според последните информации, напаѓачот веднаш побегнал, а наводно пукал кон Мамиќ во време додека овој бил на гробот на својот татко на кого му одбележувале годишница од смрта.