Андоновска: Родителите на трите бебиња кои починаа се гневни и бараат одговорност

Родителите на трите бебиња кои починаа на клиниката за гинекологија се гневни и бараат одговорност! Родителите на трите бебиња имаат право да бидат гневни и да бараат одговорност. Министерот за здравство и директорката на гинекологија одлучија да го сокријат скандалот и објавија за трагедијата дури откако за истата почна да се говори во јавноста. Два дена откако се случила, вели Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновска истакнува дека сите се загрижени што се случува на гинекологија и зошто овие информации се кријат од јавноста.

-ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДС со брутална партизација на институциите и со поставувањето на некомпетентни партиски кадри државата ја турка во хаос. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија само поради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева ќе има сериозни последици.Родителите на починатите дечиња во изјави за медиуми велат дека имало и други случаи на клиниката, но немаат информации од Министерството за здравство. Зошто овие информации се кријат од јавноста? Каде е транспарентноста која се најавуваше. Скандалот мора да биде испитан до крај. Не смее да се прикрива ништо! Одговорност мора да има и ќе има!, посочува Андоновска.

Таа вели дека залудно Таравари и директорката Јовановска се кријат од јавноста. Јавноста е гневна бидејќи гледа дека приоритет за министерот Таравари е да се промовира себе си по социјални мрежи, наместо да се грижи за функционирањето на здравствениот систем.

-Граѓаните се преплашени, загрижени, стравуваат за своите животи и за животите на своите деца. Не смее да стана пракса на владата на Заев, да умираат луѓе а тие да молчејќи и криејќи се да бегаат од одговорност. Господа уште колку животи треба да згаснат за да прекине хаосот и безредието кој го создавате во македонскиот здравствен систем. ВМРО-ДПМНЕ предупреди, но за Заев, Таравари, Милошев и Јовановска, човечкиот живот за жал не претставува ништо. Здравството е во хаос и ако кај одговорните во овој ресор има грам морал и доблест, ќе си поднесат оставка и ќе си заминат од ова професија. Поради целосната негрижа, Заев и СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе бидат казнети од граѓаните и делигитимирани од политичката јавност, нагласува Андоновска.