
Новата Влада не обезбеди грант средства за екпресниот пат Градско – Дреново, само чекаа да заврши рокот на тендерот за градба кој беше објавен уште минатата година, тврди поранешниот министер за транспорт и врски во владата на ВМРО-0ДПМНЕ, Владо Мисајловски
Мисајловски преку социјалните мрежи ги демантираше изјавите од СДСМ дека тие се оние кои обезбедиле грант средства за, како што велат, нов проект доизградба на експресниот пат Градско – Дреново. Мисајловски посочува дека сегашната Влада ниту ги обезбедиле грант средствата, ниту, пак, „мрднала со прст“ за овој пат.
„Новата ВЛАДА обезбедила ГРАНТ за нов проект доизградба на експресниот пат
Градско – Дреново ??!!??!!!
1. Ниту сегашната влада ги обезбедиле ГРАНТ средствата ниту пак мрднале со прст, единствено што направиле е што чекале да заврши рокот на тендерот за градба кој беше објавен уште минатата година а сега привршува рокот за доставување понуди.
2. За да се распише тендер мора да се обезбедат средства во буџет а тоа е направено уште минатата година со ГРАНТ СРЕДСТВА точно така преку ИПА програмата и задолжително средства во буџетот за кофинансирање.
3. Добро е што ќе се продолжат проектите во инфраструктурата што ги работеше ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што обвинувате и ЛАЖЕТЕ“, напиша Мисајловски на својот фејсбук профил.