
Шеснаесет лица загинаа, а најмалку 15 лица се повредени при напад врз шиитска џамија во авганистанската престолнина Кабул во петкот.
Меѓу загинатите има најмалку двајца полицајци. Според првичните информации, убиен е и шиитскиот свештеник, кој ја водел службата во џамијата кога почнал нападот.
Прво, бомбаш-самоубиец се разнел во џамијата, а потоа, двајца или тројца вооружени мажи влегле во друг дел од храмот и активирале гранати.
Потоа интервенирала и полицијата и дојде до престрелка меѓу полицајците и напаѓачите.
Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.