
Премиерот на сојузната германска покраина Баварија и претседател на Христијнаско-социјалната унија (CSU) Хорст Зехофер го услови во саботата натамошното учествување на својата партија во постизборните коалиции со јасното определување за задржување на моторите на внатрешно согорување.
„Забраната за мотори на внатрешно согорување би претставувало секира во коренот на нашата благосостојба“, изјави челникот на CSU, Хорст Зехофер во разговорот за медиумската група Funke.
Појасни дека CSU, којашто ја претставува демохристијанската опција во Баварија каде што суверено владее се децении, и е сестринска партија на сојузно ниво на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел во Унијата CDU/CSU , прашањето за опстанувањето на моторите со внатрешно согорување е подеднакво важно прашање во коалициските преговори, како и темите на доселувањето на имигрантите или даночните политики.
Зехофер жестоко ја критикуваше актуелната расправа во германската јавност околу автомобилите со дизел мотори во многу германски градови им се заканува забрана за сообраќај.
„Германија полега ги губи нервите кога е во прашање дебатата околу дизел моторите“, рече Зехофер алудирајќи на неодамнешните судски одлуки според коишто на постари дизел мотори им се заканува забрана за пуштање во сообраќај во германските градови поради преголемите количества азотни оксиди во издувните гасови.
Откако Франција и Велика Британија најавија дека од 2040 година воведуваат забрана за автомобилите со мотори на внатрешно согорување, слично во едно интервју најави и канцеларката Ангела Меркел. Таа појасни дека постепеното откажување од моторите со внатрешно согорување го смета „исправно“.
„Канцеларката во приватен разговор ми објасни дека била погрешно интерпретирана“, рече Зехофер и додаде дека со CSU на власт „нема да има забрана за сообраќај за дизелашите“.
Баварија со седиштата на автомобилските концерни BMW, во Минхен, и Audi, во Инголштад, се смета за една „автомобилските сојузни покраини“.