Пјонгјанг истрела пробно три балистички проектила

© AP Photo / Lee Jin-man

Северна Кореја истрелала во саботата три балистички ракети со кус дострел во Јапонското Море, објави американската армија потврдувајќи го лансирањето на „неидентификуваните проектили“ коешто претходно го објави јужнокорејското минситерство за одбрана.

Севернокорејското пробно лансирање проектили дојде во текот на одржувањето на големите годишни заеднички американско-јужнокорејски воени вежби, на коишто Пјогнјанг жестоко реагираше како на обид да се дестабилизира севернокорејската власт и подготовка за инвазија врз земјата.

Ниедна од ракетите истрелани од севернокорејската база Кираерјонг не претставува закана за САД или за американската пацифичка територија Гуам, истакна портпаролот на командата на американската армија во Тихиот Океан.

„Првата и третата ракета имаа технички проблеми во текот на летот, а се чини дека втората експлодирала речиси истиот момент по лансирањето“, изјави портпаролот Дејв Бенхам, истакнувајќи дека сите три лансирања биле извршени во текот на 30 минути.

Според јужнокорејското министерство за одбрана, лансирањата започнале во 6,49 часот по локално време во саботата, а проектилите прелетале околу 250 километри.