ВМРО-ДПМНЕ: Со парите од девизните резерви и аукциите СДСМ можеше да набави 33.400 инкубатори за новороденчиња

Набавка на еден современ инкубатор чини околу 10.000 евра, а за неполни три месеца неспособната влада на СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигна 334 милиони евра, а со тие пари можеше да се набават околу 33.400 нови инкубатори кои би спасиле детски животи, реагираше во саботата ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштенеито се истакнува дека нови инкубатори не се набавени, а парите со коишто СДСМ ја задолжи државата едноставно исчезнаа, па оттаму се заклучува дека единственото што на владата на премеирот Зоран Заев успева да го направи е да ги задолжи државата и граѓаните.

„Каде испарија народните пари во вредност околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност?. Ова прашање граѓаните секојдневно го упатуваат до неспособната влада на Заев, но одговорот го нема“, запрашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Згора на тоа, се додава во реакцијата, неспособната влада на Зоран Заев не го послуша гласот и барањата на народот и одлучила да ги задоволи своите алчни апетити и народните пари ги искористија за луксузирање и покривање на партиските вработувања по институциите.

„Владата на СДС поради непосветеноста и негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го види на 15-ти октомври кога Заев и криминалната врхушка околу него, жестоко ќе бидат поразени“, се порачува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.