Разбојништво во кичевско, штета од 30.000 евра

Две непознати маскирани лица во саботата извршиле разбојништво во куќа во кичевското село Мамудовци, при што одзеле злато и девизи, причинувајќи материјална штета од околу 30.000 евра.

Како што е наведено во полицискиот билтен, во саботата околу 10 часот во кичевското село Мамудовци, во куќа сопственост на 7-годишниот Р.А. две непознати маскирани лица извршиле разбојништво, при што одзеле 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг разновиден златен накит, со што причиниле материјална штета од околу 30.000 евра.

Разбојниците откако влегле во куќата со спреј-солзавец ја испрскале Р.А. по очите, а потоа физички ја нападнале. Откако извршиле пребарување, ги пронашле и одзеле парите и останатите предмети, по што го напуштиле местото на настанот. На Р.А. и била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар Кичево, каде ѝ биле констатирани телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичното дело.