Мурињо ги нападна навивачите на Манчестер

Менаџерот на Манчестер немаше забелешки на играта на своите фудбалери во победата против Лестер со 2:0, но затоа ги нападна навивачите кои не ја создадоа атмосферата што ја очекуваше.

Манчестер Јунајтед на фантастичен начин ја почна сезоната. По три кола има максимални девет бода со гол – разлика 10-0 и се наоѓа на чело на табелата.

Но, тоа не е доволно за менаџерот Жозе Мурињо. Тој немаше забелешки на играта на своите фудбалери, но затоа ги нападна навивачите кои не ја создадоа атмосферата што ја очекуваше самиот.

-При голот што го постигна Рашфорд, првпат ја слушнав публиката, претходно можеше да се добие впечаток дека се игра пред празни трибини, иронично изјави Мурињо.

Ова не е првпат тој да има забелешки на однесувањето на публиката. Во јануари оваа година, на натпреварот против Хал во Лига купот, тој исто така ги искритикува навивачите затоа што не успеаја да ги понесат фудбалерите во кризните моменти.