Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која денес околу 11 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, по клучката Хиподром.
Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале автомобил „југо“ со штипски таблички и „мерцедес“ со кумановски ознаки.
Според првичните информации на полицијата повредено е едно лице, но повеќе детали не се познати. Увидот е во тек.
,