
Денеска УМС започна со кампањата под име „Младински маалски“ и кафе со УМС. Денеска претседателот на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски оствари средба со младите од Росоман.
Како што информираат од УМС, во Росоман било зборувано за претстојните избори, како и за досегашни проекти кои ги оствари партијата. Во структурите на УМС од денеска активно се вклучени и лица кои досега не биле таму.