Казнети три кафулиња во Центар за гласна музика

По налог на општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе баровите „Интермецо“, „Бастион“ и „Џуси бар“ и констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница.

Од општината соопштија дека казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.

На пријава од граѓани, посочуваат од општината, овластен инспектор од општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината.

Ги повикуваме сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем, со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки, стои во соопштението.