Десет повредени при експлозиите во хемиската постројката во Тексас

Десет лица се полесно повредени во двете експлозии што се случија во хемиската постројката на компанијата „Акрема“ во Крозби, Тексас.

– Околу два часот по локално време, Центарот за вонредни ситуации во округот Харис не извести за две експлозии и чад кој доаѓа од хемиската постројка на „Акрема“ во Крозби, Тексас, се наведува во соопштението на компанијата.

Претставници на локалната власт вчера предупредија дека може да дојде до експлозија откако хемиската постројка „Аркема“ остана без напојување на електрична енергија по поплавите предизвикани од ураганот Харви.

„Аркема“ како превентивна мерка претходно наложи евакуација на сите жители кои се наоѓаат во кругот од три километри од хемиската постројка, која запре со работа во петокот во очекување на ураганот.

Компанијата соопшти дека во понеделникот врз објектот наврнале 101,6 сантиметри дожд. Оваа постројка произведува хемикалии кои мора да се чуваат на ниски температури. Поради поплавите, магацините останале без снабдување со струја, а генераторите се во дефект.