
Има ли план македонската Владата во рамките на напорите да ја одоброволи владата во Атина да ги промени имињата и да отстранува и споменици кои Грците ги сметаат за провокација?
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров без конкретен одговор на ова прашања. Шефот на македонската дипломатија на заедничка прес конференција со грчкиот колега Никос Коѕиас вели дек Владата нема конкретен план во однос на ова.
„Не би можел конкретно да кажам во однос на некакви конкретни планови за статуи или тн., но не ми требаат стотина статуи за да бидам горд Македонец и тоа во смисла во која што ниту пак ми пречи кога некои грчки граѓани во Солун се нарекуваат Македонец Мислам дека е 21 век и сметам дека не треба да докажуваме премногу комплекси со оглед на зацврстување на овие чувства, наведе Димитров, дополнувајќи дека ова е прашање што се провлекува многу долго и не може да се очекува да се реши набрзина“, наведе Димитров.
Според Димитров, не е многу мудро да се креира надворешна па и внатрешна политика врз историски личности од пред 2000 години.
„Историјата не можеме да ја менуваме. Тоа што можеме да го направиме е да ја менуваме сегашноста и да си ја отвориме иднината. Историјата треба да е учител, но, не и затвор. Ние цврсто како политика си стоиме на нашите обврски од Времената спогодба од 1995 година“, смета шефот на македонската дипломатија.
Грчките медиуми во пресрет на денешната средба на двајцата министри објавуваа дека Коѕиас на својот македонските колега ќе му достави барање за промена на името на скопскиот аеродром, на централниот плоштад во Скопје „Македонија’.
Доколку властите се одлучат да ги тргнат статуите, тогаш Коѕијас за таквиот чекор ќе им вети помош од ЕУ, пишува грчкиот весник „Демократија“ пред доаѓањетои на Коѕијас во Македонија.
-Во Скопје, Никос Коѕијас ќе пристигне преку автопат од Солун, како што тоа го прават сите дипломатски мисии кои ја посетуваат соседната држава во последните години, за да не ги легитимизира тврдењата на Македонија. Се посочува дека и аеродромот и главниот плоштад во Скопје се крстени „Александар Македонски“. Според нашите информации, грчкиот министер за надворешни работи може да побара од Никола Димитров да ги променат тие имиња во знак на добра волја и градење доверба меѓу двете земји. Таквите акции не чинат ништо, велат извори од Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, во врска со ова, Коѕиас ќе направи контра предлог: Тој ќе го увери Скопје дека ако одлучат да ги тргнат овие статуи, тој ќе им помогне во обезбедувањето средства од Европската Унија, пишува грчкиот весник.
Исто така, додава весникот, Коѕијас ќе стави до знаење дека прекршувањето на Времената спогодба нема да биде толерирано, но и дека има силни докази за поголем број прекршувања од страна на Скопје.