Најмалку 35 мртви во тропската бура Харви

Најмалку 35 луѓе загинале а 32.000 биле принудени да побегнат во засолништа од минатиот петок кога сојузната американска држава Тексас ја погоди најсилниот ураган по половина век кој подоцна ослаби во тропска бура а во четвртокот диполнително ослаби над сојузната држава Луизијана оставајќи зад себе рекордни поплави.

Според прогнозите Харви во четвртокот ќе се движи кон североистокот преку Луизијата, и ќе донесе значителни врнежи, соопшти Националниот центар за урагани. Предупредувањата за поплави се проширени од брегот на Тексас и Луизијана и на сојузната држава Кентаки.

Се очекува дека тропската бура Харви, којашто го парализираше четвртиот според население американски град Хјустон, да биде една од најскапите природни катастрофи во американската историја и за администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе постави големи предизвици на хуманитарен и на планот на обновувањето.

Штетата се проценува меѓу 51 и 75 милијарди американски долари, покажуваат пресметките на Moody’s Analytics.

Пожарникарите во Хјустон во четвртокот започнаа да одат од зграда до зграда за да ги спасат заробените преживеани и да ги извлечат телата на смртно настраданите, изјави за медиумите помошникот на шефот на противпожарната служба Ричард Ман.

„Целиот наш град е под вода“, изјави градоначалникот на Порт Артур во Тексас Дерик Форман, во објавата на социјалните мрежи. Овој град со 55.000 жители го погодија речиси 75 сантимери дожд.

Бурата погоди речиси петинаа од американските рафинерии, доведувајќи го во прашање сигурното снабдување со бензин на кој веднаш му скокна цената.

Незапаметените поплави оставија многу населби под вода до појасот и ги преоптоварија акумулациските езера и системите за дренажа кои го штитат низинското подрачје на Хјустон чиешто стопанство и економија одговараат на оние на цела Аргентина.

Харви се споредува со ураганот Катрина кој го погоди Њу Орлеанс пред дванаесет години, усмртувајќи повеќе од 1.800 луѓе и предизвикувајќи штета од 108 милијарди долари.

Градските власти на Хјустон прогласија полициски час кој трае од полноќ до 5 часот наутро, поради извештаите за вооружени грабежи и лица со огнено оружје на улиците кои се претставуваат како полицајци.

Американскиот претседател Доналд Трамп го посети Тексас во вторникот за лично да се увери во димензиите на штетите. Изрази задоволство од акциите за спасување и соработакта меѓу локалните и сојузните власти.