
Починато машко лице вчера околу 13:40 часот било донесено во ГОБ „8-ми Септември“.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен од болницата.
Г.Г. (39) од скопско Драчево бил донесен во болницата со возило на Итна медицинска помош, но засега не е познато кои се причините за смртта.
По наредба на Јавното обвинителство телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.