Јужна Кореја симулираше можен напад врз Северна Кореја

Јужнокорејската војска извела симулација на можен напад врз база на нуклеарно вооружување во северна кореја како одговор на нејзиното тестирање нуклеарна ракета. Според медиумите, во вежбата учествувале борбени авиони, а биле употребени и балистички ракети од типот „воздух-земја“ со долг дострел. Се наведува дека сите проектили успешно ги погодиле зацртаните цели кои биле поставени во Јапонското море, на далечина соодветна на севернокорејската база за нуклеарни тестирања.

Кризата во регионот вчера дополнително се зголеми со изведување на досега најмоќните нуклеарни тестирања на хидрогенска бомба со голем дострел од страна на Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека во вежбата учествувале само јужнокорејски воени сили и најави дека во тек се подготовки за заеднички вежби што ќе бидат спроведени заедно со војската на САД во Јужна Кореја.

Предходно САД најави дека би можеле да преземат „воен одговор од големи размери“ во врска со заканите од Северна Кореја, а Кина ги обвини Северна Кореја, но и САД и Јужна Кореја, за најновата криза.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Јужна Кореја сфатила дека нема ништо од приказните за смирување на Северна Кореја и дека Пјонгјанг разбира „само едно“.