Стојаноски: Владата на СДСМ сака целосна контрола над медумите и интерентот

Севернокорејската влада на СДСМ сака под целосна контрола да го стави јавното мислење, и не ѝ е доволна контролата што ја имаат над медиумите па наредно е воспоставување целосна контрола над интернетот и социјалните мрежи, обвини во понеделникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски посочи дека само во периодот кога Оливер Спасовски беше технички министер во својот прв мандат тој побарал проверка и гасење од фејсук на 68 профили на корисниците на оваа социјална мрежа и притоа направио споредба со периодот од Владата на ВМРО-ДПМНЕ која во изминатите десет години владеење побарала проверка на вкупно 59 фејсбук профили.

„За време на вториот мандат на Спасовски, како технички министер тој издал наредба за проверка и гаснење на 36 фејсбук профили. За споредба, во истиот период во 2016 година Русија и Малезија вкупно имаат 26 барање кон фејсбук за вакви мерки. А во соседството, на пример, Албанија и Бугарија имаат по 14 барања за проверка и гаснење на фејсбук профили во втората половина на 2016-та, а МВР под диригентската палка на Спасовски 36 барања до фесјбук“, рече Стојаноски.

Притоа го постави прашањата зошто на СДСМ им пречи правото на сопствено мислење и слободата на говор на граѓаните, како и зошто оваа партија се плаши од критиката и има намера со ваквите дејствија да ја претвори Македонија во Северна Кореа?

„На неспособната влада на СДС ѝ пречи критиката и слободата на говор. Им пречат луѓе кој јавно ги критикуваат за погубните политики и за носење на државата на работ на бездна. СДС може да цензурира се и сешто во својот обид да ја сокрие својата лична неспособност. Зоран Заев и Спасовски можат да ги проверат сите фејсбук профили во обид да ги цензурираат. Тие можат да ги цензурираат медиумите, социјалните мрежи, учебниците, но тоа ќе биде само залуден обид да ја сокријат вистината за нивното расипничко работење. Ниедна цензура нема да биде доволна за да ги спречи граѓаните да го изразат своето незадоволство на локланите избори на 15 октомври каде ваквите штетни политики на СДС ќе бидат целосно разобличени и делегитимирани“, порача