
Вчера советниците на СДСМ во општина Битола гласаа „за“ населување на мигранти во Битола, гласаа „за“ изградба на камп, бесплатно образование, здравство и социјални услуги за мигрантите, овде во Битол, советниците на СДСМ беа против одржување референдум во општина Битола, против битолчани сами да одлучат за иднината на својата општина, истакнаа воп вторникот на прес-конференција Пеце Милевски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Битола.
Оттаму велат дека со СДСМ „се’ е веќе видено“, и оти кој и да е од оваа партија да дава изјави, што и да каже, секогаш завршуваме на истото со „ароганција и манипулација“.
„Пред само три дена Заев изјави дека СДС ќе гласа ЗА референдумот, односно проба да ги изманипулира граѓаните дека и СДС е против Македонија да се претвори во бегалски камп. Вчера, ја донесоа министерката за труд, Царовска, на седницата на Совет во општина Битола, ни поканета ни најавена, за ни го каже спротивното од изјавата на Заев. Сега требало Македонија, односно Битола да се претвори во бегалски камп“, рече Пеце Милевски, советник во општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.
Милевски посочува дека очигледно Царовска мислеше дека со ненадејната појава ќе предизвика воодушевување и автоматско одобрување на нејзината погубна политика за Битола.
„Министерката Царовска вчера избега од седницата на Советот на општина Битола. Фатена меѓу манипулаторските ветувања на нејзиниот лидер Заев и нејзиниот обид за подметнување на најштетната стратегија за Битола, не можеше да одговори на прашањата на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Не ни одговори зошто објектите за сместување на мигрантите кои ги ставила во стратегијата се надвор од прогласено кризно подрачје и се наоѓаат во населени места, овде во Битола?! Но ние битолчани сме културни луѓе па еве ќе ја поканиме, нека одговори и од Скопје“, рече Милевски.
Тој јавно на Царовска ѝ ги постави прашањата:
Ако Република Македонија одлучи како држава АРМ да го затвори Балканскиот мигрантски коридор, која е Царовска да носи акт за интеграција на мигранти па и уште да нѐ убедува дека тоа не е така?
Дали стратегијата е напишана во согласност со заклучоците на Управувачкиот комитет кој ја менаџира кризната состојба во Македонија заради превенција и справување со заканата од илегална миграција?
Дали преставникот на Царовска, Дејан Ивковски, го известил Главниот штаб на ЦУК за намерите да донесе стратегија за интеграција на мигранти?
Дали Групата за процена, како што е задолжително со Закон, расправала за стратегијата и донела заклучок?
Дали, повторно, согласно Закон, е известен Претседателот на Републиката за Стратегијата за населување мигранти ?
Дали Управувачкиот комитет донел НОВ заклучок наспроти 2 годишните заклучоци од 2015 до 2017 за превенција и справување со мигрантите и ја задолжил Царовска да донесе нова стратегија за интеграција на мигранти во периодот 2017/2027?
Дали Цароска има направена финансиска процена колку ќе ја чини Македонија интегрирањето на мигранти?
„Дали интеграцијата на мигранти која се носи во 2017 всушност значи прекин на кризната состојба на крај од 2017 и повлекување на македонската армија од граница со што по Нова година на мала врата се отвора коридорот за транзит на мигранти?“, праша Милевски и додаде дека последното прашање е и зошто советниците на СДСМ повторно гласаа против референдум во Битола и покрај најавата на Заев.
„Јасно ни е дека ги препознавате ароганцијата и манупулациите на СДС, исто како шти ни е јасно дека на 15 октомври ќе излеземе сите заедно, за Битола и ќе и речеме НЕ, на погубната стратегија за претворање на нашиот град во бегалски камп. Ние за разлика од Царовска, не бегаме од седниците на Совет, ние сме таму и ги браниме интересите на битолчани. Го направивме тоа вчера а уште посилно ќе го направиме на 15 октомври. НЕ за стратегија за населување мигранти во Битола. Доколку сето ова не беше чиста вистина и не се плашеа од фактите, министерката немаше вчера да ја напушти седницата и да избегне да ги даде одговорите на сите овие прашања кои битолчани сакаат да ги слушнат“, истакна Милевски на денешната прес-конференција.