
Пратениците од СДСМ во вторникот на Комисијата за финансирање и буџет гласаа против Законот за вредносни бонови – ваучери кои требаше да се доделуваат на студентите за набавка на компјутери и компјутерска опрема, предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на вчерашната седница, пак, пратениците од СДСМ велејќи дека се конструктивни го прифатија законот за вредносни ваучери за студентите за денес истите тие пратеници на Комисијата за финансирање и буџет каде што се разгледува овој закон да гласаат против односно да не го поддржат законот.
Очигледно е дека се работи за глумење на некаква конструктивност од страна на СДСМ сакајќи да покажат пред народот дека ќе прифаќаат закони кои што се во интерес на граѓаните.
Овој закон единствено е во интерес на студентите кои што досега во два наврати додека беше претходната власт добиваше вредносни ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема.