Сеул одржува морнарички маневри, Пјонгјанг разместува балистичка ракета

Јужнокорејската воена морнарица изведува маневри во вторникот, два дена по шестиот нуклеарен тест за кој Северба Кореја објави дека била успешна проба на хидрогенска бомба, додека севернокорејската војска во текот на ноќта кон вторникот според уште непотврдени информации преместила интерконтинентална балистичка ракета кон својот западен брег.

„Денешните вежби се одржуваат за да се направат подготовки за севернокорејските провокации на море, да се тестира подготвеноста на нашата морнарица и да се потврди нашата подготвеност да го казниме непријателот“, изјавил за медиумите неименуван јужнокорејски офицер по состанокот во министерството за одбрана.

Воздухопловните и копнените сили на Јужна Кореја во понеделникот изведоа маневри чиј дел биле и ракетите воздух-земја со долг дострел, потврди началникот на генералштабот на јужнокорејската армија.

Јужнокорејското министерство за одбрана објави дека ќе размести и четири лансери од напредниот и скап американски противоздушен систем THAAD. Сеул објави и дека со Вашингтон преговара за разместување на американски носач на авиони на нуклеарен погон, како и на стратешки бомбардери на Корејскиот полуостров поради најновиот и најмоќен севернокорејски нуклеарен тест од неделата.

Јужнокорејскиот дневен весник Asia Business Daily, повикувајќи се на неименувани извори, пишува во вторникот дека е регистрирано оти Северна Кореја преместува кон својот западен брег проектил, најверојатно интерконтинентална балистичка ракета. Преместувањето започнало во понеделникот и се одвивало во текот на ноќта за да се избегне следењето. Јужнокорејското министерство предупреди во понеделникот дека северниот сосед е подготвен да лансира интерконтинентален балистички проектил во секој момент.

Северна Кореја веќе тестираше два интерконтнентални балистички проектила коишто можат да прелетаат околу 10.000 километри, па копнениот дел од САД станува сега во дострелот на овие ракети. Тоа предизвика нов круг санкции од Советот за безбедност при Обединетите нации против Пјонгјанг.

Јужна Кореја извести во вторникот дека постигнала усогласеност со САД за отстранување на ограничувањето од 500 килограми на тежината за боевите глави на нејзините проектили, што ќе овозможи помоќен одговор при евентуален воен судир со Северна Кореја.

Во понеделникот американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли на вонредната седмица на Советот за безбедност при ОН, свикана поради севернокорејскиот нуклеарен тест, изјави дека челникот на оваа земја Ким Џонг-ун „повикува војна“ и го повика Советот да наметне „најсилни можни“ санкции. Хејли рече дека САД оваа седмица ќе претстават нацрт на нова резолуција на СБ при ОН за санкиите за кои може да се гласа веќе следниот понеделник.

„Војната никогаш не е нешто што го посакуваат Соединетите држави. Затоа не ја сакаме. Но трпението на нашата држава не е неограничено. Ќе ги браниме нашите сојузници и територии“, порача Хејли.

Северна Кореја е под санкции на ОН од 2006 година поради нејзините балистичи и нуклеарни програми. За Кина и за Русија единствен повод за дополнителни санкции може да биде тестирање на ракета со долг дострел или на нуклеарно оружје.

Русија и Кина, којашто е главниот трговски и политички партнер на Северна Кореја, на седницата во понеделникот повикаа на мирно решавање на кризата.

„Кина никогаш на Корејскиот полуостров нема да дозволи хаос и војна“, изјави Лиу Џиеји, кинески амбасадор во ОН.

„САД на секоја држава којашто тргува со Севера Кореја ќе гледа како на земја којашто ги помага безобирните и нуклеарни намери на оваа држава“, истакна американската басадорка Хелји, алудријаќи на Кина.

Дипломатите пренесуваат дека Советот за безбедност при ОН сега ја разгледува забраната за извоз на текстил од Северна Кореја, забрана за сообраќај на нејзината национална воздухопловна компанија, забрана за извоз на нафта во Северна Кореја, забрана за работа за десетици илјади севернокорејски работници во странство чијашто речиси цела заработка оди во државната каса осигурувајќи ја со тоа готовината за Пјонгјанг и додавање восоки функционери на „црната листа“ поради што нема да може да патуваат надвор од земјата, а ќе им бидат замрзнати и сопственостите во странство.