Северна Кореја: И испративме „пакет подарок“ на Америка

Северна Кореја со неодамнешните „самоодбранбени мерки“ им испрати „пакет подарок“ на САД, изјави во Женева севернокорејскиот амбасадор во ОН,  Хан Тае Сонг.

– Најновите мерки за самоодбрана на мојата земја, Демократска Народна Република Кореја, претставуваат подарок упатен кон Соединетите Американски Држави, изјави Хан на Конференцијата за разоружување, одржана под покровителство на ОН.

Тој предупреди дека САД и понатаму ќе добиваат пакет-подароци од неговата земја, се додека Американците се занимаваат со невнимателни провокации и неплодни обиди за вршење притисок врз Пјонгјанг.

Оваа изјава на Хан, доаѓа само два дена откако Северна Кореја изврши шеста и најобемна нуклеарна проба досега.