Битолчанка тешко настрада по удар на автомобил

Педесет и шестгодишната М.Р. од Битола со тешки повреди е пренесена и задржана на лекување со битолската болница откако во неа удрил автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 19,10 часот на булеварот „1-ви Мај“ во Битола кога автомобил „опел корса“ управуван од 71-годишниот битолчанец Д.Д. удрил во жената која се здобила со тешки повреди.

Полициски екипи на местото на настанот извршиле увид.