Лигата на нациите можност за директен пласман на ЕП, Македонија во Д групата

Во септември следната 2018 година ќе стартува новото натпреварување под закрила на УЕФА, Лигата на нациите на Европа преку кое четири репрезентации ќе обезбедат директен пласман на Европското првенство 2020.

Предвидено е во новото натпреварување да учествуваат сите 55 репрезентации од континентот, а термините на одигрување на натпреварите да бидат оние за пријателски средби.

Селекциите ќе бидат поделени во четири групи (лиги) со вкупно 55 национални тимови, и ќе бидат поделени во четири лиги. А и Б лигата ќе има четири групи со по три репрезентации, Ц лигата 15 селекции односно една група со три и три со четири репрезентации. додека останатите ќе играат во Д-групата која ќе има четири групи со по четири селекци

Местото на репрезентацијата во која лига ќе игра ќе зависи од рејтингот, најсилните ќе бидат во А, додека најслабите во Д лигата.

Победниците на групите ќе се пласираат во повисок ранг, а четирите најслаби пак ќе се симнат еден ранг подолу.

Првопласираните од сите 16 групи ќе играат во плеј-офот, а најдобрите четири од секоја лига обезбедуваат место на ЕП. Во случај некоја репрезентација преку квалификации да има изборено пласман на евро-шампионатот, тогаш следниот најдобро пласиран ќе го заземи неговото место.

Македонија според презентираното рангирање е во Групата Д, заедно со селекциите на Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Фарските Острови, Луксембург, Латвија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар.