
Пукнатите автомобилски гуми стануваат работа од минатото благодарејќи на изумот на група научници од универзитетот Харвард, кои изработиле цврсти автомобилски гуми способни да се самообновуваат во текот на возењето.
Хибрдината гума којашто ја развиле истражувачите од Школата за инженерство и применети науки „Џон А. Паулсон“ (SEAS) под притисок ќе пукне, но не како и обичната гума. Пукнатините се поврзани со влакнести снопови кои го апсорбираат и расподелуваат ударот врз целата гума, за да се спречи потенцијалното катастрофално пукнување. Кога притисокот ќе опадне, хибридната гу,ма се враќа во првичната форма.
„Доколку се појави засек на гумата, таа нема да мора веднаш да биде променета. Наместо тоа, гумата ќе се ‘самоизлекува’ во возењето, што е доволно време да се избегнат драматични штети“, вели Џинронг Ву, еден од пронаоѓачите кој работел на проектот.
Научниците постигнале да ја создадат хибридната гума комбинирајќи полимери кој ја сочинуваат гумата, на начин на кој досега не бил возможен. Технологијата ќе се применува и на широка палета гумени производи.
Универзитетот Харвард поднел барање за патентирање на изумот, но сѐ уште не е познато кога хибридната гума ќе влезе во производство.