Во Мексико по катастрофалниот земјотрес 58 жртви и над 330 силни афтершокови

© EPA-EFE/STR

Најмалку 58 луѓе ги загубиле животите а повеќе од 330 последователни подземни удари се регистрирани на бреговите на мексиканската сојузна држава Чијапас по катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 8,2 степени по Рихтер кој ја погоди земјата ноќта кон петокот, соопшти тамошниот Национална сеизмолошка агенција.

„Во моментов Националниот комитет за вонредни состојби известува за 58 луѓе се загинати во силниот земјотрес кој се случи на 7-ми септември: 45 во државата Оахака, 10 во Чијапас, три во државата Табаско“, напиша на Twitter во петокот националниот координатор на цивилната заштита на Мексико, Луис Фелипе Пуенте.

Претходно беше објавено дека биле регистрирани 35 жртви и 61 афтершок со магнитуди од 4,3 до 6,1.

„Според податоците до 13 часот (по локално време) 337 афтершокови по земјотресот со магнитуда од 8,2 кој се случи вчера кај крајбрежјето на државата Чијапас, од кои најсилниот со магнитуда од 6,1“, објавија сеизмолозите на Twitter.

Земјотресот се случил во 23,49 часот по локално време и многу жители ги изненадил бидејќи веќе заминале на спиење или се подготвувале за починка. Улиците по подземниот удар биле преполни со луѓе во пижами кои од студот се штителе со покривачи и чекале зградите да престанат да се тресат.

Подземниот удар е регистриран во 6,49 часот во петокот по македонско време. Епицентарот бил на 119 километри југозападно од местото Трес Пикос, а хипоцентарот на длабочина од 33 километри. Пацифичкиот цетар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека максималната височина на брановите при предизвиканото цунами достигнала еден метар.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изјави дека потресот, за кој се покажа дека е најсилниот последните сто години, го почувствувале 50 милиони луѓе од вкупно 120 милиони жители на оваа земја. Според последните официјалнии податоци, во стихијата животите ги загубиле 58 луѓе, но се стравува дека бројот на жртвите може да се зголемува.

Мексико е сместен на местото каде што се спојуваат пет тектонски плочи и поради тоа таму е област на силна тектонска активност. Во септември 1985 година разорен земјотрес со магнитуда од 8,1 погоди голем дел од мексиканската престолнина којашто лежи на сунгересто исушено езерско корито, при што загинаа над 10.000 луѓе.