
Вкусниот ролат збогатен со сочниот шмек на овошје е идеален за сите љубители на слатките, од најмлади до најстари.
Се подготвува брзо, лесно и без печење.
Потребни состојки:
- 250g маргарин
- 300g мелени бисквити
- 150g шеќер во прав
- 4 јаболка
- 3 пасирани банани
- 4 цели банани
- 100g чоколадо за глазура
- 1 лажица масло
Подготовка:
Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити.
Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија како тесто.
Поделете ја на 2 еднакви дела, а во средината на секој дел ставете по две цели банани. Замотајте во форма на ролати и ставете ги во ладилник неколку часа, додека се стврднат.
Пред послужувањето, ролатот премачкајте го со растопено чоколадо во кое ќе додадете 1 лажица масло.