
Ракометарките на Вардар ја доби последната екипа која ќе игра во групната фаза на Лигата на шампиони, а тоа е екипата на Турингер од Германија.
Германките со две победи без никакви проблеми ги победија Хорс со резултат 33:24.
Првиот дуел со Турингер во Ц групата од Лигата на шампионите ќе се игра во периодот од 13-ти до 15-ти октомври на гости, а реваншот е на 17-ти ноември во Скопје.
Инаку, ова за варадарки ќе биде четврто меѓусебно соочување во Лигата на шампионите со ракометарките на Турингер. Во сезоната 2016/2017 на домашен терен во Скопје извојува победа со 36:26, а на гости со 31:29.
Првпат „црвено-црните“ играа во сезоната 2013/2014 и тоа нерешено во гости 24:24, а победија дома со 31:25. Наредната 2014/2015 сезона повторно играаа и Турингер победи на домашен терен 21:20, а во Скопје победи Вардар 26:21.