
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 13. седница на која ќе расправа за седум точки, меѓу кои и интерпелација за тројца министри од новата Влада.
Пратениците ќе расправаат за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
На дневен ред се и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на деца и двата во прво читање.
На пленарната седница пратениците ќе ги разгледаат и предлозите за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство и двата во прво читање, а поднесени од пратениците од опозицијата.