
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски доцна синоќа се сретна со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез со кого разговараше за стратешките приоритети на Македонија и за актуелните случувања во Македонија и регионот.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, било посочено дека приоритет останува членството во Европската унија и НАТО и оти на тој план е добредојдена поддршката од секоја држава членка на овие организации.
„Беше изразена благодарност за поддршката на Република Словенија која е добредојдена во остварување на македонските приоритети, при тоа стана збор и за сериозноста со трендот на опаѓање на економската активност, забавување и падот на инвестициите, како и предизвикот со мигрантите кој е реалност“, се вели во соопштението.