САД незадоволни од одлуката на Турција да ги купи руските ракетни системи С-400

Пентагон потсетува на важноста да се сочува интероперабилноста во НАТО при големите воени набавки

САД не се задоволни од одлуката на Анкара да ги набави напредните ракетни системи С-400 од Русија, изјави во вторникот портпаролот на министерството за одбрана Џони Мајкл, одговарајќи на прашањето на дописникот на руската новинска агенција ТАСС да ги коментира вестите дека Турција веќе оставила полог за рускиот противвоздушен систем.

„Ние ги информиравме турските власти, дека сме загрижени од потенцијалното набавување на С-400. Имавме отворен дијалог (со Турција) по ова прашање и ја истакнавме важноста од зачувување на интероперабилноста во рамките на НАТО во реализацијата на програмите за големи набавки на воена опрема“, одговорил Мајкл.

„Турција е клучен сојузник на НАТО“, истакнал Мајкл. Според него САД и Турција „одржуваат висок степен на односи во врска со воените набавки“. „Турција продолжува да пројавува интерес за противракетните системи, развиени од сојузниците во НАТО, вклучително и САД, за своите долгорочни потреби во сферата на ракетната обрана“, додал портпаролот на Пентагон.

Ја повторил позицијата на Вашингтон во разговорите со Анкара по прашањето за купување оружје од земјите кои не се членки на Северноатлантската алијанса, особено од Русија, зашто тие не можат да се компатибилни со вооружувањето на НАТО“, рекол Мајкл.

Уште во јули, американскиот министер за обрана Џејмс Матис на брифинг со новинарите ги изнесе овие ставови на прашањето дали тој го одобрува турското купување на руските системи С-400. Истовремено шефот на Пентагон призна дека „тоа е суверена одлука“ на Анкара.

Противракетниот систем „С-400 Триумф“ (SA-21 Growler според класификацијата на НАТО) е дизајниран да ги уништи сите современи и напреди воздушни напаѓачки средства.