Продолжува расправата за Законот за јазици

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 15-тата седница на чиј дневен ред е Предлог- законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Опозицијата бара законот да биде тргнат од дневниот ред поради низа прекршувања на Уставот, а мнозинството пратеници овој предлог не го прифатија.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со измените во овој закон се воведува двојазичност на целата територија на државата, а за пратениците на СДСМ и на партиите на Албанците во Македонија со овие измени само се унапредуваат правата на етничките заедници.

Комисијата за европски прашања и Комисијата за политички систем ги прифатија измените во законот.

Денеска ќе се расправа и за Предлог- законот за издавање вредносни бонови – ваучери предложен од опозицијата, а на дневен ред се и интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.